15 наставници на улица, за да може градоначалникот Делков да си ја вработи својата сопруга

Поврзани вести

Наместо живот за сите, наставниот кадар од училиштата во општина Неготино наиде на политичка одмазда и 15 наставници и професори добија отказ од работа, за градоначалникот Делков да си ја вработи својата сопруга.

15 луѓе кои беа дел од наставниот кадар во училиштата во општина Неготино добија решенија за престанок на работен однос, а со тоа околу 15 семејства останаа без основни средства и егзистенција за живот токму пред новогодишните и божикните празници.

Ова е резултатот на штетната и осветничката политика на СДСМ која ја спроведува во Македонија и во скоро сите општини каде што пред само 3 месеца ја добија локалната власт. Политика позади која нема ниту еден проект во корист на граѓаните, само сеење страв, закани и реваншизам.

Граѓаните на Неготино по социјалните мрежи, но и низ чаршиските муабети гласно прашуваат: Што се случи со приватна фирма која располагаше со 7 милиони евра буџет која беше во сопственост токму на градоначалниот на општина Неготино? Дали како сопственик на таква високобуџетна фирма треба да избрка наставници од работа, на кои тоа им беше единствениот извор на приход во нивните семејства и на нивно место да ја вработите вашата сопруга во Основното училиште Гоце Делчев?

Ова е само еден од многуте вакви примери каде што низ општините низ Македонија, но и во централните институции под палка на СДСМ, каде што преку реваншизам се бркаат луѓе од работа.

Се почесто се поставува прашањето, дали е ова живот кои градоначалниците на СДСМ го ветуваа пред само 3 месеца.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top