Меѓународен натпревар на млади пијанисти во Гевгелија

Хотелот Аполонија е домаќин на вториот мегународен натпревар на млади пијанисти што го организира професорот Глигор Гелебешев под покровителство на Општина Гевгелија и винаријата Јостела, кој започнува од денеска, а ќе се одржува до 14-ти јуни. 

Во претстојните три дена 182 деца од Македонија, Србија и Бугарија, во женска и во машка конкуренција ќе се натпреваруваат за титулата најдобар млад пијанист  во шест категории поделени по возраст, почнувајќи од највозрасните родени 1993 па до најмладите учесници родени 2003 година.

За секоја категорија учесниците ќе настапуваат по одредена минутажа со изведби по слободен избор кои ќе ги оценува жири комисија што ја сочинуваат еминентни професори по пијано Милица Шперовиќ-Рибарски од Македонија, Милка Миткова од Бугарија и Наталија Томиќ од Србија.

Првиот натпревар се одржа лани кога Гевгелија беше град на културата во Македонија, а според најавата од организаторот има планови да прерасне во традиционален со проширен список на млади пијанисти од повеќе европски земји.

Коментари

коментари

Би можело да ве интересира: