Природни лекови за сите болести

Ако мислите дека дополнувањето на исхраната со витамини и минерали е само плацебо ефект, се лажете. Тие може да помогнат дури во тоа да се излекуваат некои болести.

Витамин Б за функција на мозокот

Купете си Б комплекс во апчиња, нема скапо да ги платите, а за возврат ќе добиете, од контрола на метаболизмот до произведување на црвени крвни зрцна. Витамините Б комплекс го спречуваат намалувањето на мозокот кој им припаѓа на луѓето со деменција.

Најдобро би било да изберете од супермаркет додаток кој обезбедува 500 микрограми Б12, 20 милиграми Б6 и 800 микрограми фолна киселина дневно. Доколку не постои таква доза, купете си вакви додатоци одделно и земајте ги во овие дози.

Мултивитамин за плодност кај мажите

Антиоксидансите го спречуваат развојот на рак, а тоа е докажано со бројни студии. Меѓутоа, новите студии покажуваат дека може да се подобри плодноста кај мажите. Во антиоксиданси припаѓаат витамин Ц, витамин Е, цинк, селен, фолати, L- карнитин и каротеноид, кои го подобруваат квалитетот на спермата, па дури и можноста за зачнување кај жените чии партнери ги земаат овие додатоци.

За тоа која доза е вистинската постојат многу недоумици, но истражувањата покажуваат дека витаминот Ц, треба да се зема во количина од 1.000 мг, витаминот Е од 400 го 600 мг, селен од 100 до 225 мг, Б-каротен 30 мг, L-картинин 2 мг.

Рибино масло за ментално здравје

Веќе многу истражувања го покажале изненадувачки позитивното дејство од рибиното масло во лекување на ментални болести, од депресија до шизофренија.

Експертите не се сигурни, зошто омега 3 масните киселини помагаат  во намалувањето на симптомите од тие болести, но се верува дека се постигнува подобра комуникација помеѓу невроните.

Ако страдате од депресија или некои друго пореметување, би требало да земате еден до три грама омега 3 масни киселини, но доколку конзумирате лекарства за разредување на крвта, прво консултирајте се со лекар.

Со цинк победете ја настинката

Цинкот е минерал кој учествува во производството на белите крвни зрнца, главен борец против многу болести. Ако сте настинати, би требало да земете цинк во комбинација со витамин Ц, бидејќи заедно делуваат поефикасно.

За превентива користете 10 мг дневно. Доколку земате шумливи таблети, растворете ја и пијте со цевка, бидејќи киселоста која ја развиваат може да ја оштети забната глеѓ.

Фолна киселина во бременоста

Фолната киселина (Витамин Б9) е еден од додатоците, за кој треба да знае секоја жена. Таа ја намалува деформацијата на зачетокот на централниот нервен систем во ембрионот.

Би требало да внесувате околу 400 единици фолна киселина, штом почнете да планирате проширување на семејството и да продолжите со употреба во првите три месеци, односно во текот на развојот на ‘рбетот кај бебето.

Бел лук за здраво срце

Студијата спроведена на Универзитетот во Мериленд, САД покажала дека секојдневната употреба на белиот лук (природен или како додаток) ја поттикнува циркулацијата, го намалува холестеролот и крвниот притисок за осум проценти, и го забавува развојот на атеросклезора. Исто така, тој е познат и по своите антиканцерогени својства. Секој ден би требало да земате по 900 мг.

Ѓумбир против мачнини

Ѓумбирот веќе стотици години се користи како лек против мачнини, а неодамна и клинички е докажано неговото позитивно дејство. Особено е добар за спречување на утринските мачнини кај бремените жени и ги спречува последиците од хемотерапијата.

Еден грам дневно свеж ѓумбир е сосема доволно, но доколку нема каде да го купите, набавете го како додаток.

Зелен чај против холестерол

Јапонските истражувања покажале дека личностите кои пијат зелен чај имаат низок холестерол, во однос на личностите кои не го пијат. Иако ефектот е мал во однос на лековите за намалување на холестерол.

Доволно е една чаша дневно, а максимално може да испиете три.

Витамин Д за цврсти коски

Многу студии покажале дека возрасните личности кои земаат додаток витамин Д имаат поцврсти коски. Дури и ортопедите ги препорачуваат за брзо заздравување на скршените коски.

Тоа е бидејќи витаминот Д, ги регулира количините на калцуим за изградба на коски, како и количината на фосфат во телото. Докажано е дека спречува и развој на одредени типови на канцер, болести на срцето и дијабетис.

Ако сте постари од 65 години, би требало да внесувате околу 10 микрограми дневно.

Нане против вртоглавица

Студијата објавена во Британско медицинско списание, открила дека маслото од нане најдобро делува на личностите со синдром на нервозно дебело црево.

Тоа е поради тоа што нането делува против грчеви и тоа без несакани последици. Исто така, тоа е природен аналгетик. Земајте една капсула дневно на база на нане, три пати дневно пред јадење.

Гинко билоба за подобро помнење

Старите луѓе кои имаат проблеми со меморијата, би требало да земаат гинко билоба. Тоа е вид на дрво со лепезасти листови, кое веќе со години се користи во кинеската народна медицина.

Истражувањето од 2010 година открило дека за подобро помнење доволно е 240 мг дневно.

Витамин Ц за брзо регенерирање на ткивата

Освен што се користи за борба со настинките, витаминот Ц игра важна улога во регенерацијата и растот на нови клетки, бидејќи е вклучен во производство на колаген.

Растворлив е во вода, што значи дека телото не може да го акумулира, па е потребно да се зема во доволни количини дневно.

Земајте еден грам витамин Ц секој ден, додека имате некои повреди. Земајте таблети кои бавно ги испуштаат состојките, за да не го исфрлите од организмот многу брзо.

 

Коментари

коментари

Би можело да ве интересира: