Се продава писмото на Ајнштајн за Бог- 3 милиони долари

Писмото кое со своја рака го напишал славниот физичар Алберт Ајнштајн година дена пред својата смрт, а во кое ги пишал своите погледи кон верата, ќе биде продадено на „eBay“ овој месец.

Имено, почетната цена на ова славно „писмо за Бог“ ќе изнесува 3 милиони американски долари.

-По мое мислење, ова писмо има големо значење за иднината во културата и религијата, бидејчи тоа се лични и приватни мислења на несомнено најпаметниот човек на 20 век, вели Ерик Газин, претседател на аукциската куќа „Auction House“ со седиште во Лос Анџелес, а кој продавањето ќе го спроведе на „eBay“.

Ајнштајн тоа писмо го напишал на германски јазик за филозофот Ерик Гуткинд на 3 јануари 1954 година, откако ја прочитал неговата книга „Choose Life: The Biblical Call to Revolt“.

-Зборот Бог за мене е само израз, производ на човечката слабост, библиска колекција на чесни, но сепак примитивни легенди кои само по себе се малку детинести и ниту едно објаснување, колку и вешто да биде, не би можело да ме увери во спротивното, напишал Ајнштајн во писмото.

Анонимниот продавач на писмото, кое се нуди со оргиналниот коверт, поштенска марка и жиг, ги купил на продажба во Лондон 2008-та за 404 илјади долари.

Коментари

коментари

Би можело да ве интересира: