Децата во Британија мислат дека Ајнштајн е ТВ ѕвезда, а Руни научник

Едно интересно истражување во Велика Британија откри дека децата премногу се окупирани со реалити шоуа и дека имаат многу лошо општо знаење.

Третина од испитаните деца од основните училишта рекле дека познатиот научник Алберт Ајнштајн е реалити ѕвезда. Околу 29 отсто од нив биле сигурни дека го виделе во популарната ТВ емисија како што е „Х Фактор“ или „Британија има талент“. Инаку, Ајнштајн почина во 1955 година.

Многу ученици не знаеле со што се занимавал некој човек кога им било кажано името. Третина од учениците на возраст од 11 до 14 години не знаат дека Исак Њутн ја дефинирал силата на гравитација иако тоа го учеле во училиште.

Да биде уште поапсурдно, шест проценти од нив изјавиле дека членката во жирито Х Фактор, Тулиса Контоставлос го открила пеницилинот, додека милион од нивсметаат дека реперот Професор Грин всушност е академик.

Голем број од децата во Велика Британија на прашањето кој е Вејн Руни одговориле дека тој е научник, а не фудбалер.

Уште поинтересно е дека 68 посто од децата не погрешиле при одговорот на прашањето кој  е Марк Зукемберг, основачот на социјалната мрежа Фејсбук. И на крај, и покрај тоа што секоја недела во просек трошат 17 часа и 34 минути пред ТВ приемниците, не знаат дека го измислил Џон Логи Берд.

Коментари

коментари

Би можело да ве интересира: