Фото: Ова е жената која сними порно филм со 5-годишно дете

Во САД интензивно се трага за женска личност која е осомничена за снимање и дистрибуирање на порнографска содржина со малолетник. Сите кои имаат било какви информации за идентитетот на жената ФБИ ги замолува веднаш да се јават во најблиската полициска станица.

Девојката е на возраст помеѓу 23 и 29 години, а на интернет се појави снимка на која се гледа сексуален однос меѓу неа и детето кое е старо максимум 5 години.

Истражителите стравуваат дека детето сеуште е изложено на сексуално злоставување.

Жената на снимката е со средна големина на градите, со зелени очи и кафена коса. Има пирс на јазикот.

Се претпоставува дека видеото е нимено во САД и дека жртвата и злоставувачот се уште се во земјата.

ФБИ дојавата за филмот ја примил од данската полиција. Сликата на детето е предадена на Националниот центар за исчезнати и искористени деца и тие сега работат на утврдување на идентитетот на жртвата.

Полицијата минатата година се сретнала со сличен случај.

Мајкл Фриман, откако на интернет се појави снимка и полицијата успеала да го идентификува, признал дека ги злоставувал своите две ќерки. Го снимил сексуалниот однос со својата 9 годишна ќерка, додека сето тоа го гледала другата негова ќерка која имала 6 години.

Коментари

коментари

Би можело да ве интересира: