Влашкото бизнис-лоби му се приклучува на Бучковски?

По најавите дека поранешниот премиер Владо Бучковски ќе прави новата партија, односно движење, наречено Граѓанска алијанса за позитивна Македонија,  тој секојдневно работи да привлече што повеќе бизнисмени кои би биле дел од партијата, пренесува порталот Либертас.мк.

Објавено е дека бизнисменот Минчо Јорданов ќе биде еден од основачите, заедно со Бучковски и сопственикот на Капитал, Љупчо Зиков. Нив најверојатно прифатиле да им се придружат и од влашкото бизнис лоби кое контролира голем дел од капиталот во државава. Имало и бизнисмени кои ја одбиле понудата од Бучковски да му се придружат во правењето на новата „опозициска“ партија, која, како што изјавуваат иницијаторите ќе била конструктивна, и ќе ја критикувала, но кога треба и ќе ја фалела власта.

На бизнисмените што не прифатиле, им била сомнителна позадината на идејата, овие луѓе кои се блиски до власта да прават нова партија која би го рушела Груевски и затоа поканата ја одбиле. Извори на Либертас тврдат дека иницијаторите за Граѓанската алијанса имале големи планови, меѓу другото прво што би направиле, е да купат една од постојните телевизии која засега е неутрална и иако е релативно нова, во услови кога другите телевизии се под контрола на власта, има кредибилитет кај гледачите. Наводно на сопственикот на телевизијата веќе му пратиле абер дека се заинтересирани да ја купат.

Од Капитал, магазинот кој го поседува новинарот Зиков, за Либертас потврдуваат дека тој веќе им кажал на новинарите дека ќе се повлече од уредничката позиција и ќе се ангажира во новата партија, а и дека е можно тој да биде нејзиниот лидер.

Извор: libertas.mk

Коментари

коментари

Би можело да ве интересира: