Доделени концесии за геолошки истражувања на 50 локации

Владата додели концесии за детални геолошки истражувања за минерални суровини на 50 локации низ државата.

Од нив 29 се за металични минерални суровини, 17 за неметалични минерални суровини и четири за украсен камен. Вкупниот концесиски надоместок којшто треба да биде уплатен во рок од 30 дена од моментот на објавување на одлуката во „Службен весник“ изнесува 50 милиони денари. Покрај домашни компании, концесии за детални геолошки истражувања добија и фирми од Турција, Канада, Австрија, Велика Британија и Бугарија.

Министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за најголемиот пакет на концесии за детални геолошки истражувања за минерални суровини.

- Создаваме услови за развој на бизнисите во Република Македонија. Тоа ќе значи и дополнителен приход за компаниите, ќе се отворат нови работни места и ќе се создадат услови за нови приходи за општините и за државата бидејќи согласно новиот Закон за минерални суровини 78 проценти од приходите ќе се слеваат во општините, а 22 проценти во централниот Буџет, рече Сарачини.

Доделена е и концесија за локалитетот „Алшар“ која ја има добиено македонска компанија од Скопје. За овој локалитет аплицирале три компании од кои две ги исполнувале условите, а една не. 

Коментари

коментари

Би можело да ве интересира: