Обука за хуманитарното право во современите НАТО операции

Имплементација на меѓународното хуманитарно право при современите НАТО-операции е темата  на која претставници и експерти од повеќе институции и од Министерството за одбрана ќе дебатираат за време на регионалната конференција што денеска беше отворена во Домот на Армијата.

На отворањето се обрати државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефановски, кој истакна дека  заштитата на цивилите и ширењето на хуманоста, при постигнување на оперативен успех, како и заштитата на воениот и цивилниот персонал се од суштинско значење.

- Одговорот на асиметричните и неконвенционални закани, предизвиците на сајбер безбедноста, енергетската сигурност и предизвиците на енергетската ефикасност бараат многу поголема вклученост отколку само воена акција, посочи Стефаноски, укажувајќи на тоа дека сојузниците и земјите-партнери мора да ги имаат дипломатијата, информациите и економијата како инструменти за одговор на предизвиците и неутрализација на непосредните закани за граѓаните.

Во тој контекст, координаторот на активноста, доц. д-р Методи Хаџи Јанев, додаде дека оваа работилница ќе се осврне на повеќе значајни и сензитивни теми како сајбер и енергетската безбедност, употребата на беспилотните летала и асиметричните закани.

Целта на дводневната обука е да се презентираат современите предизвици кои се исправаат за време на НАТО водените операции со особен акцент на предизвиците од меѓународното хуманитарно право.

На обуката присуствуваат и претставници од НАТО советодавниот тим и од Евроатлантскиот совет на Македонија. Таа е прва ваква иницијатива на регионално  ниво и со неа се прави чекор напред во прилагодувањето кон современите трендови во безбедноста и одбраната.

Коментари

коментари

Би можело да ве интересира: