Чај од камилица: Природен лек за слабеење

Камилицата е една од најпознатите лековити билки, која со векови се користи, поради своето позитивно влијание врз човековото здравје. Помеѓу останатото, камилицата може да ви помоге лесно, брзо и избалансирано да слабеете.

Чајот од камилица не е чудесен пијалак за слабеење, но може да ви послужи како помош во здравата исхрана, балансираниот начин на живот и постигнување на идеална тежина бидејќи е богата со калциум, магнезиум, калиум и витамин А.

Чај од камилица пред секој оброк

Ако навистина сакате да го почувствувате влијанието на чајот од камилица, пијте го пред секој оброк. Освен што брзо ќе се заштитите, чајот од камилица го подобрува варењето на храната.

Камилица наместо сок

Многумина нема да бидат среќни што соковите и енергетските пијалаци треба да ги заменат со камилицата, но ако сакате да ослабете, жртвувајте се. Со чајот од камилица ги исфрлате токисините од телото и вишокот вода. Тоа значи дека целулитот со текот на времето ќе биде се помалку видлив.

Камилица пред спиење

Чајот од камилица ќе ве смири пред спиење и квалитетно ќе се наспиете. Недостаток на сон може да доведе до дебелеење.

Со камилицата против стресот

Стресот има негативно влијание на вашиот хормонален систем и предизвкува наталожување на масни наслаги, особено околу половината.

 

Коментари

коментари

Би можело да ве интересира: