Ограничувањето за увоз на пченица се уште не е укинато

Ограничувањето за увоз на српска пченица не е укинато. Се уште преговараме и не е дефиниран конечниот став на двете влади. Очекуваме тоа да се случи на 22 јули на средбата на ЦЕФТА, најави денеска министерот за економија Ваљон Сарачини.

- Македонија не прифати целосно да ја повлече одлуката, преговараме за да најдеме начин како тоа долгорочно да го решиме и да немаме вакви проблеми во иднина. Вчера имаше средба меѓу владини претставници од Македонија и од Србија, ситуацијата е смирена и веќе се договоривме на неделна основа да имаме состаноци со претставници од српската Влада, изјави Сарачини во одговор на прашање по средбата со претседтелот на ЗЕЛС Коце Трајановски.

Тој прецизира дека за 22 јули е закажана средба на ЦЕФТА на која, како што рече, ќе се обидат да се најде заеднички јазик за да се реши овој проблем долгорочно и во иднина да нема проблематични ситуации не само со нашите соседи, туку и со другите европски земји  со кои имаме добра трговска соработка.

Коментари

коментари

Би можело да ве интересира: