Бесплатни проекти за изградба на куќи во новата населба Јака во Илинден

Дополнителна поволност понуди општина Илинден за инвеститорите во новата населба за индивидуално домување Јака – бесплатни проекти за изградба на семејни станбени куќи.

Со цел населбата да добие што поубав лик, но и да се олесни работата на администрацијата, како и да се забрза постапката за издавање на градежни дозволи по електронски пат на инвеститорите ќе им бидат понудени 4 типа на проекти за куќи со различни димензии, без никаков надоместок во постапката за издавање одобрение за градење. Со прифаќање на еден од овие 4 бесплатни проекти општина Илинден им овозможува на инвеститорите да заштедат до 1.000 евра колку што обично чини изработката на ваквите проекти.

Инвеститорите, пак, кои што нема да се одлучат за избор на еден од понудените проекти ќе треба да изработат проекти согласно позитивната законска регулатива и дозволените архитектонско-урбанистички параметри за своја сметка.

Општина Илинден деновиве на електронско јавно наддавање понуди уште 10 нови парцели за изградба на семејни куќи на локалитетот Јака, со површина од 400 до 500 м². Пријавите за учество за електронското јавно наддавање треба да се достават до 15.10.2013 година.
Досега во локалитетот Јака се отуѓени 220, а во првата септемвриска објава беа понудени на продажба уште 15 парцели, па во моментов актуелни се вкупно 25 градежни парцели од Јака.

Покрај парцелите во локалитетот Јака на електронско јавно наддавање понудени се уште 6 парцели за изградба на станбени куќи за индивидуално домување во локалитетот „Спортски центар“ во општина Илинден, а пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 22.10.2013 година.

Коментари

коментари

Би можело да ве интересира: