Јасна е разликата. Граѓаните силно го поддржуваат патот по којшто се движи државата, предводена од СДСМ, изјави на денешната прес-конференција портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Продолжуваме со граѓанските трибини и непосредните контакти со граѓаните. Остануваме со граѓаните и ги следиме нивните потреби. Граѓаните, на 12 април уште еднаш ќе ги поразат деструктивните и антидржавни криминални политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. На 12 април, граѓаните масовно ќе дадат поддршка на политиките на Владата предводена од СДСМ и ќе потврдат дека сме на прав пат, рече Костадинов.

Тој додаде дека „за Христијан Мицкоски зборот нема никаква вредност“.
– Иако најави дека после 17 октомври тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат на улиците, на плоштадите, денес никaде ги нема. Каде му се протестите на Мицкоски што силно ги најавуваше со денови? Нели 24 часа ќе беа на улиците, на плоштадите? Или знае дека нема поддршка кај граѓаните па затоа си остана во белиот дворец и во партиските штабови. Јасно е, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат само обнова на режимот, на криминалот и затоа немаат поддршка од граѓаните. Граѓаните не сакаат нов режим, не сакаат повторно да се вратат во времето на изолација, поделби и тензии. Граѓаните сакаат да продолжат на прав пат, на патот кон слобода, развој и интергација во ЕУ и НАТО. СДСМ периодов одржа 12 граѓански трибини кои беа масовно посетени од граѓаните. Претходно, во време на летниот период одржавме над 500 маалски средби си речиси сите населени места. Последно, синоќа, со масовно присуство од над четири илјади граѓани на граѓанската трибина на СДСМ во Струмица, се потврди уште еднаш сликата од Прилеп, Штип, Куманово, Крива Паланка, Струга, но и во други населени места дека државата е на вистинскиот пат, пат по кој ќе продолжи и по големата победа на изборите на 12 април, рече Костадинов.

Тој објави дека „сите сугестии, коментари и забелешки од граѓаните, дадени на мааслките средби и трибините ги преточуваме во решенија кои ќе бидат вметнати во новата изборна програма на СДСМ“.