Меѓународна кампања против беспилотни летала во конфликтите

500x_custom_1277778296036_globalhawk.750pix

Поврзани вести

„Хјуман рајтс воч“ почна меѓународна кампања за забрана на „роботите убијци“ односно за употребата на беспилотни летала во конфликтите.

Организацијата стравува дека зачестеното користење на беспилотните летало во конфликтите ќе доведе до создавање на машини способни самостојно да избираат цели и да стрелаат „без вмешување од човекот“.

– Зголемената употреба на транспортни средства со монтирано оружје, без екипаж во по последната деценија радикално го промени карактерот на борбените дејствија и не соочи со нови предизвици на хуманитарен и правен план, посочува „Хјуман рајтс воч“ .

Организацијата е координатор на кампањата протв „роботите убијци“ во која се вклучија и други невладини организации кои инсистираат на забрана на сите автоматски оружја.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top