Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска ја назначи Бујаре Абази за нова заменик- градоначалничка на Скопје.

Како што соопштија од Град Скопје, Арсовска свечено и го врачи решението, при што на денешната средба со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот.

Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист.

Абази е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври оваа година.