Тојота произвела една четвртина помалку автомобили во октомври во споредба со истиот месец лани поради недостиг на полупроводници и други компомненти. Според соопштение на компанијата најголемиот светски производител на автомобили произвел 627.452 автомобила оваа година наспроти 845.107 во октомври лани. Продажбите се намалени за 20 отсто во овој месец. Акциите на Тојота загубија 3,4 отсто од вредноста.

Производителите во Азија и во светот се соочени со долготрајна криза проади недозтиг на компоненти и зголемен број заразени во Југоисточна Азија.

Недостигот на полупроводници ќе ја чини индустријата околу 210 милијарди долари загубени продажби оваа година, според Аликс Партнерс.

Нисан исто така соопшти за пад на производството за 22 отсто во октомври, а во продажбите за 16 тсто додека Хонда има пад од 28 отсто на производството.