Стабилна е епидемиолошката ситуација. Двонеделната инциденца се намалува со некаде околу 14 проценти и минатата недела има околу пет проценти помалку дијагностицирани случаи во однос на онаа недела претходно и во болниците има поголем број слободни кревети, вклучително и на Инфективната клиника каде прилично долг временски период немаше места за хоспитализирање на пациентите, па ги праќавме во другите болници, изјави денеска министерот за здравтго Венко Филипче по состанокот на Комисијата за заразни болести. 

Посочи дека разговараале со колегите за новиот сој, тоа е сега актуелна тема, детектиран во Јужноафриканската република и во некои европски земји.

– Гледаме дека некои земји преземаат некаква форма на рестрикција. Сепак, нашиот заклучок е дека остануваме со сегашниве мерки. Се уште нема доволно познати информации. Иако СЗО укажува на тоа дека можеби е полесно пренослив, сепак директорот на Американскиот институт за здравство Д-р Колин смета дека и за тоа нема доволно информации. Можеби се тука некаде по степенот на преносливост со делта сојот. Сметам дека рестрикција некаква во однос на затворање на граници на секој што доаѓа од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што очигледно се детектирани во некои европски земји и досега видовме дека кога нов сој ќе се појави едноставно не може да се спречи, да остане ограничен на една територија каде било во светот. Очигледно е дека соеви ќе се јавуваат и понатаму, така што остануваме со овие мерки коишто сметаме дека се добро димензионирани. Се става акцент на вакцинацијата. Ако некој не е вакциниран може да патува со ПЦР-тест, рече Филипче.

Во однос на мерките како критериум за излез, потенцира, ги штитиме околните земји, а се штитиме со овие мерки и за влез во земјата.

– Така што, остануваме со овие мерки засега. Секако дека ја следиме ситуацијата. Се уште е рано, овој е прилично нов сој, допрва ќе дознаваме информации, но од тоа што досега го знаеме сметам дека нема потреба да правиме некаква форма на рестрикција. Во однос на мерките како критериум за излез ги штитиме околните земји, а се штитиме со овие мерки и за влез во земјата. Така што, остануваме со овие мерки засега. Секако дека ја следиме ситуацијата. Се уште е рано, овој е прилично нов сој, допрва ќе дознаваме информации, но од тоа што досега го знаеме сметам дека нема потреба да правиме некаква форма на рестрикција, рече Филипче.

Очигледно е, нагласи, дека соеви ќе се јавуваат и понатаму, така што остануваме со овие мерки кои смета дека се добро димензионирани.

– Се става акцент на вакцинацијата. Ако некој не е вакциниран може да патува со ПЦР-тест. Во однос на мерките како критериум за излез ги штитиме околните земји, а се штитиме со овие мерки и за влез во земјата. Така што, остануваме со овие мерки засега. Секако дека ја пратиме ситуацијата. Се уште е рано, овој е прилично нов сој, допрва ќе дознаваме информации, но од тоа што досега го знаеме сметам дека нема потреба да правиме некаква форма на рестрикција, додаде Филипче.