Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска очекува од Нова година недела да биде неработен ден и ден за неделен одмор, објави денеска Владата.

– Од 1 јануари недела ќе биде ден за неделен одмор. Ова со заеднички комисиски амандман го одлучија пратениците на денешната седница на собраниската Комисијата за труд и социјална политика, каде Предлог-законот за работните односи помина во второ читање. Министерката Шахпаска очекува пратениците да го усвојат законот и на пленарна седница, бидејќи е во интерес на 92% од работниците во РС Македонија.

Во врска со недела неработен ден, Шахпаска годинава се прослави со нејзината изјава дека, сепак, „некој и во недела треба да ги молзи кравите, за да имаме млеко во понеделник“.