Најмалку 37 лица загинаа, а 72 се повредени во пожар на преполн траект на југот на Бангладеш, соопштија локалните власти. Пожарот избувнал три часа по полноќ по локално време, во близина на градот Џалакати, на брод што испловил од главниот град Дака и тргнал на југ кон градот Баргуна, оддалечен 250 километри.

Акцијата за спасување продолжува и најверојатно бројот на жртви ќе биде поголем, јавија локалните медиуми. Засега не е познато што го предизвикало пожарот.