Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри истакна дека е многу разочаран по губењето на Суперкупот на Италија. „Старата дама“ синоќа во Милано загуби од Интер со 2:1 со гол примен во последните секунди од второто продолжение.  По 90 минути резултатот беше изедначен 1:1.

– Тоа беше вистински натпревар, добар тест за да разбереме каде сме. За жал, понекогаш изгледа како фудбалот да го измислил ѓаволот. Наивна грешка направивме на пет секунди до крајот, но игравме против најсилниот тим во Италија во моментов. Да загубите на пет секунди пред крајот боли, но тој гнев мораме да го искористиме за Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите. Треба да ги гледаме позитивните страни, тимот расте, особено физички. Беше еден натпревар, но не помина како што сакавме, па сега ќе се фокусираме на лигата, истакна Алегри.

За Интер ова беше шести трофеј во Суперкупот на Италија.