Денеска е 4 јануари според стар стил и се слави Собор на св. 70 Апостоли.

Освен дванаесетте големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи:

„Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1-5). Но, како што еден од дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господа, така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, не со намера за предавство туку поради човечка немоќ и маловерие (Јован 6, 66). И како што местото на Јуда беше пополнето со друг апостол, така и овие места беа пополнети со други избраници. Овие апостоли се трудеа на истото дело како и дванаесетте големи апостоли и им беа помошници на дванаесетмината во ширењето и утврдувањето на Божјата Црква во светот.

Претрпеа многу маки и пакости од луѓето и од демоните, но нивната тврда вера и ревносната љубов кон воскреснатиот Господ ги направи победници на светот и наследници на Небесното Царство.

Нивните имиња се: Јаков, брат Господов, Марко и Лука евангелистите, Клеопа, Симеон, Варнава, Јосија (Јуст), Тадеј, Ананија, првомаченикот Стефан, Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен, Тимотеј, Тит, Филимон, Онисим, Епафрас, Архип, Сила, Силуан, Крискент, Крисп, Епенет, Андроник, Стахиј, Амплиј, Урван (Урбан), Наркис, Апелиј, Аристовул, Родион (Иродион), Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт, Ерма, Патров, Ермиј, Лин, Гај, Филолог, Лукиј, Јасон, Сосипатр, Олимп (Олимпан), Тертиј, Ераст, Кварт, Евод, Онисифор, Климент, Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Карп, Кодрат, Марко, Зина, Аристарх, Пуд, Трофим, Марко, Артема, Акила, Фортунат и Ахаик, Дионисиј Ареопагит и Симеон Нигер.