Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот во западните делови облачноста ќе се зголеми.

Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната од 4 до 10 степени.

Во Скопје сончево, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежу од снег. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Под влијание на влажен и студен бран, утре во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од снег. Врнежите ќе продолжат и во петок, кога ќе се прошират и во останатите делови. Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја и насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот тек на Повардарието.Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер, Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со повремен локален снег. Дневните температури на повеќе места ќе бидат под нулата.