Наутро по котлините ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност во западните делови. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се движи од -3 до 4, а максималната од 17 до 23 степен.

Во Скопје, сончево и топло со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во понеделник ќе биде значително облачно со врнежи од дожд претежно во западните делови. На средината на неделата ќе преовладува сончево и топло со променлива облачност, а кон крајот на неделата ќе дува се повеќе јужен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со појава на повремен дожд.