Велика Британија нема да добива руски гас, затоа што сака да биде лидер на сѐ што е антируско, велат руските власти.

Британскиот енергетски гигант Шел нема да може да купува руски гас поради лондонските антируски санкции.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков соопшти дека тоа е цената која ќе ја плати Велика Британија. Според него, Лондон сака да биде дури пред Вашингтон.

Руската државна енергетска компанија Газпром објави дека продолжува со големите испораки на гас преку Украина до западните земји.

Балтичките земји не купуваат повеќе руски гас.