На предлог на Министерството за одбрана, на денешната седница Владата на Република Македонија ја усвои Информацијата и го донесе Годишниот план за склучување договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2022 година.

Планот содржи осум проекти кои ќе се реализираат преку склучување договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на земји членки на Алијансата, со кои согласно Планот за модернизација на Армијата се предвидени набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили.

Со наведената опрема, се наведува во соопштението од владината прес-служба, ќе се зголеми опременоста на Армијата на Македонија и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји.