Бројот на украинските бегалци во Хрватска достигна 12.403, изјави директорот на хрватската цивилна заштита Дамир Трут.  Директорот на хрватскиот Црвен крст Роберт Маркт соопшти дека се собрани три милиони куни (околу 400.000 евра) и разновидна стока за поддршка на бегалците, пренесе Хина.

Тие го посетија прифатниот центар за бегалци од Украина во Госпиќ. Хрватска има три такви центри.

Маркт соопшти дека од 131 организација на Црвениот крст, 25 побарале средства за бегалската криза и дека на нивните сметки биле префрлени 511.000 куни (67.755 евра). Психолошка поддршка добија 2.657 Украинци. Во Госпиќ се запишани 22 деца од Украина од прво до седмо одделение.