Александар РУСЈАКОВ

– Мојата мајка беше… жена. И силна и слаба или подобро речено, ниту силна, ниту слаба. Едноставно беше жена. А жената, Мустафа, има во себе бескрајно многу различни состојби. Често пати тие состојби се мешаат меѓу себе и така добиваш бесконечно многу комбинации. Жената е шах. Зависи од денот, зависи од мигот, зависи од нечиј поглед, зависи од испратена насмевка, зависи од дождот, од сонцето по дождот, зависи од вревата, зависи од тишината… и ти никогаш не знаеш од што зависи следната состојба.
– Уф, тоа е така комплексно – искрено рече Мустафа.
– Токму така. Мажите не можат тоа да го разберат. И не мора да се трудат. Само треба вистински да ги сакаат сите тие состојби. Е тогаш навистина љубат.
Извадок од романот ХОТЕЛ МЕЃУ ДВЕ ВОЈНИ.
Промоција: вечерва, 19ч.
Галериски простор на МКЦ.