Владата предводена од СДСМ во услови на најголемата криза презеде навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните од ценовните шокови и помош на компаниите, истакнува владејачкиот СДСМ во денешното соопштение во врска со ценовниот шок што е предизвикан во Македонија.

Во продолжение целото соопштение од СДСМ:

Покажавме капацитет во справување со последиците од најголемата светска економска криза и тоа ќе продолжиме да го правиме.

Следуваат нови мерки и различни форми на помош како за граѓаните така и за компаниите.

Во тој правец е ребалансот на Буџетот преку кој се обезбедуваат 76 милиони евра помош на граѓаните и стопанството, како и дополнителни 52 милиони евра за земјоделството, за повисоки плати и пензии.

Она што е особено вредно да се истакне е дека Владата предводена од СДСМ продолжува да ја субвенционира цената на произведената електрична енергија за граѓаните да добиваат пониски сметки за електрична енергија.

Деновиве, започнува исплатата на субвенциите за над 20.000 тутунари, за што парите веќе се обезбедени во рамките на Буџетот.

Зголемената минимална плата, растот на платите во образованието, детската заштита и останатите сектори како и новата методологија за раст на пензиите се исто така мерки кои во време на криза го штитат стандардот на граѓаните.

Продолжуваме со вистинска грижа за граѓаните, за домашната економија.

Центар за односи со јавноста на СДСМ