Владата на СДСМ, Димитар Ковачевски и Славјанка Петровска го пробија дното. СДСМ испумпувала државни пари за партиски цели.

Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со скандалозното трошење на народни пари за партиски цели. Во продолжение целото соопштение од опозициската партија:

Министерството за одбрана исплатило 9.384 евра на професорот Темелко Ристески за десет фејсбук статуси, два текста и телефонски разговори за агитација за парламентарните избори во 2020 година за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ. СДСМ испумпувала државни пари за партиски цели.

Во извештајот кој го поднел и потпишал Темелко Ристески до МО за она што сработил јасно стои дека една од обврските е вршење на партиска активност за потребите на СДСМ, агитација и напад кон политичкиот противник, и за тоа наплатил вкупно 9.384 евра.

Забеганоста нема крај, додека медиумите пишуваат дека војниците јадат небезбедна храна, немаат соодветна опрема и хумани услови за работа, се испумпувале не партиски, не донации, туку чисти буџетски народни пари преку Министерството за одбрана за потребите на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Димитар Ковачевски и Славјанка Петровска мора да понесат одговорност и да одговорат уште колку вакви лица биле ангажирани во државните институции за вршење на партиски активности на СДСМ и коалицијата „Можеме“?

До кога владата на СДСМ со народни пари ќе плаќа партиски послушници?
Државната комисија за спречување на корупција наместо да глуми нем посматрач, веднаш без одлагање да реагира, да покрена постапка и целосно да го расветли случајот, а Телемко Ристески да ги врати парите назад.

Дополнително ДКСК да испита и во кои други институции е вршена ваква исплата на буџетски пари?

За овој скандал покрај политичка одговорност за сите инволвирани, мора да има кривична одговорност.

Премногу е.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ