Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини е познат не само по инцидентите и дивоградбите, туку и по тендерите што ги добива неговата фирма во локалните јавни претпријатија, и покрај тоа ште е советник од ДУИ во општинскиот Совет, пишува Телма

Фирмата Нефи ИК, каде Нефи Усеини е сопственик, а неговата сопруга, управител, од последните избори до денес има добиено три тендери со охридските јавни претпијатија.

„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е, и што ве интересира… Какви конфликти на интереси има тоа со тендерите? И сега ги гласав тие тендерите? Ај *би си мајката, пи*ка ти матер и на тебе и на се, ајде *би се! Да ви *бам се. Немој повеќе да ми ѕвониш, што ти треба има во општина, немој да ми ѕвониш. Ок? “ – изјави Усеини во телефонскиот разговор за Телма