Васил Брезовски е македонскиот турист кој прв беше спасен откако тројцата другари ги однесе струјата на плажата Мити во Посиди, Грција.

– Отидовме да пливаме со моите пријатели, на место на кое тогаш немаше проблем, ниту високи бранови, ниту многу ветер. Но, за две минути, без да сфатиме, сцената се смени. Го загубивме вниманието на неколку минути, додека бевме во плиткото. Но, ова беше доволно за водата да нѐ вовлече длабоко во морето. Се обидував да останам смирен и да останам на површината на водата. До мене беше мојот друг пријател, третиот воопшто не го видов. Одеднаш и него го изгубив за неколку секунди – вели тој за грчкиот портал iefimerida.gr.
Можеби ќе ве интересира

За негова среќа, му пришол сурфер. Тој не можел да му помогне, но ја известил крајбрежната стража и им ја кажал точната локација на Васил, кој потоа бил извлечен од морето.

Васил се наоѓа во болницата Полигирос. Дознал дека е пронајден и Иван, и се надева да биде пронајден и третиот другар.

Тој им се заблагодари на спасувачите, на кои рече дека им го должи животот.
– Тие беа многу професионални. Им го должам мојот живот и наскоро ќе се обидам да ги видам лично, да им се заблагодарам – додаде Васил.