Невозможно е власта да организирала инциденти на протестите што се одржуваат во Скопје, тврди министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој утрово беше гостин во емисијата „Клик 21“ на ТВ 21 посочи дека опозицијата сметала оти власта прави инциденти со нивни луѓе, што според Спасовски, „тоа е невозможно“.

– Да одговорам со едно контрапрашање, дали мислите дека некој ќе организира инцидент со двајца коалициони партнери? Значи лицето кое што пукаше во воздух е член или во блиска коалициска врска со претседателот на опозиционата албанска партија Алијанса за Албанците. Јас не сакам да политизирам апсолутно, меѓутоа од друга страна опозицијата да ја обвинува власта дека исценирал еден настан со нивни луѓе, тоа е невозможно, порача Спасовски.

Опозицијата деновиве во повеќе наврати објави фотографии и видеа од настанот и посочи дека лица вработени во МВР, во цивил, го инсценирале случајот кој можеше да прерасне во потежок инцидент и со поголеми последици. Логично се поставува прашањето: каква политичка корист има опозицијата да си организира и да си ги дискредитира сопствените протести на кои доаѓаат луѓе со семејства!?

Видеото од гостувањето на Спасовски може да го отворите ТУКА.