Aлександар Петличковски од Комисијата за заразни болести во интервју на Канал 5 телевизија изјави дека од хоспитализираните сега нема со тешка клиничка слика.

Вели дека моментално нема потреба од активирање на рестриктивни мерки за заштита на коронавирусот. Мерките би се активирале кога ќе има потреба. Петличковски рече дека засега нема некој посериозен притисок на здравствените установи.

Сепак, како што истакна, вирусот изненадува и се враќа со нови верзии, сериозно ќе се размислува за отворање на прашањето за планирање на есента.

„Во моментот во Австралија е најсериозна ситуацијата бидејќи таму е дојдена есента и во овој бран истовремено со омикронот се појавува и грип“, вели тој.

Не ја исклучи и можноста за враќање на маските во училиштата, доколку има потреба.