Осум цивили загинаа, а 24 се ранети во ракетните напади врз Киев утринава, изјави помошникот на украинскиот министер за внатрешни работи Ростослав Смирнов.

Шест автомобили се запалија по нападот, а повеќе од 15 возила беа оштетени, објави Смирнов на Фејсбук.

Тој додаде дека 30 припадници на службата за итни случаи и шест единици за брз одговор се на местото на настанот во киевскиот кварт Шевченкивски.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека проектилите погодиле критична инфраструктура во градот.

– Главниот град е нападнат од руски терористи, напиша Кличко на Телеграм.