ПУТИН СО ОСТРА ЗАКАНА КОН КИЕВ: Ако Украина продолжи со терористичките акти, ќе следува остар одговор од Русија

/ 10.10.2022

Ако Украина продолжи со терористичките акти, ќе следува остар одговор од Русија, изјавил денеска рускиот претседател Владимир Путин на денешната седница на Советот на национална сигурност.

Путин и се закани на Украина и ја обвини за напад на Кримскиот мост наведувајќи дека се работи за терористички чин. Ја предупреди Украина дека ако продолжи, нивниот одговор ќе биде посилен.

Истакна дека цели на денешните напади на Украина биле воени објекти, електромрежата и други комуникациски објекти.


Од истата категорија