Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во емисијата „Само Интервју“ кажа дека Бугарите претеруваат со одредени барања.

– Мислам дека чепкаат во достоинството на македонскиот народ и тоа не е коректно. Некои работи треба да останат во историјата. Мислам дека Александар Македонски не бил ниту Грк, ниту Албанец, ниту Македонец. Бил нешто што сега не постои, вели Таравари.

Се претерува со барањата такво нешто да биде услов за почеток на преговори со ЕУ.