На 13.11.2022 во 01.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Л.Б.(18), Б.М.(19), В.Х.(19) и уште двајца малолетници, сите од Скопје, затоа што Т.Т.(46), И.М. (47), Л.Ѓ. (50) и Т.Ѓ. (43) сите од Скопје пријавиле дека околу 00.40 часот нивните четири малолетни синови во автобус бр.57, во населба Чаир, Скопје на автобуска постојка физички биле нападнати од пријавените.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ИТНА, БРЗА И ОСТРА РЕАКЦИЈА СО ЗАВРШНИЦА ОД СТРАНА НА МВР ВЕДНАШ!, вели Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел, кој реагира за инцидентите во автобусите со број 57-ца.

-Оставив неколку дена се со цел да не предизвикам дополнителна паника. Но после вчерашниот случај кој е дел од низа случаи насилство во автобусот 57ца, каде веќе извесен период особено во последниов месец на територија на општина Чаир се напаѓаат деца од Радишани и Бутел враќајки се дома од центарот на градот.
Чашата е прелиена, како градоначалник на општина Бутел лично од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски барам брзо, остро, и без никакво заташкување да реши овој проблем, додека не е предоцна.
Остро ги осудувам сите кукавички напади врз мирни млади деца кои дома ги воспитуваат дека насилството како опција не постои и треба да се остави во 19сетиот век.
Не сакам да верувам дека овие чинови имаат било каква позадина, и затоа велам насилството раѓа насилство и од таму сите надлежни органи ги повикувам да реагираат веднаш !
За неколку дена од сега како градоначалник на Бутел ќе организирам тркалезна маса на која ќе бидат повикани челниците на МВР, лидерите на верските заедници и претавници на загрижените родители, се со цел од блиску да ја следиме ситуацијата и да превенираме додека не е доцна. Доколку е потребно ќе формираме посебно тело за решение на оваа загржувачка ситуација.
Следиме будно!, пишува Костовски на Фејсбук.