Советот за Јавни обвинители на продолжението на 70-тата седница, денеска поради немање кворум за избор на нови шефови на две виши и пет основни јавни обвинителства именуваше вршители на должноста до создавање на услови за избор.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека поради отсуство Љубомир Јовевски немаат услови за избор на шефови на Вишото јавно обвинителство – Скопје и Гостивар, но поради испразнетоста на местата да постават в.д. основни јавни обвинители.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски не присуствуваше на денешната седница на Советот на ЈО, поради, како што беше појасни претседателот на Советот, влошена здравствена состојба е задржан на болничко лекување од петокот.

Совет на ЈО, на денешната седумдесетта седница, ги избра за вршители на должноста на шефови на Вишо јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи и Вјолца Омази за шеф на Вишо јавно обвинителство Гостивар, како и вршители на должноста шефови на ОЈО Битола, ОЈО Велес, за ОЈО Гостивар, за ОЈО Кавадарци и за ОЈО Куманово.

На дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители, беше и одлука за објавување на оглас за четворица јавни обвинители во ОЈО ГОКК, но повторно беше одложено. Советот на ЈО, на денешната седница, исто така, го предложи јавниот обвинител Бесир Алиу за член на управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на местото Ислам Абази кој се повлекол.