Имено, советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, смета дека Русија не сака преговори, туку се обидува да избегне одговорност, пренесува Укринформ.

„Путин мора да се врати во реалноста. Русија сама ја нападна Украина и убива граѓани. Нема други „земји, мотиви, геополитика“. Русија не сака преговори, но се обидува да избегне одговорност. Очигледно е, затоа се движиме кон трибуналот“, напиша Подољак на Твитер.

Претходно медиумите објавија дека рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека Русија не се откажува од преговорите за ситуацијата во Украина.

Путин во интервју за телевизијата „Русија-1“, одговарајќи на прашањето дали се приближува до опасна линија во однос на ситуацијата во Украина, рече дека тоа не го смета за толку опасно и дека Русија дејствува во интерес на граѓаните, пренесува РИА Новости.

„Мислам дека тоа не е толку опасно. Мислам дека постапуваме во вистинска насока, ги штитиме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. И едноставно немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани “, истакнал рускиот лидер.