Првиот одигран натпревар во Краков го донесе и првиот посериозен проблем за нашиот стручен штаб, откако повредата на Томи Јагуриновски се покажа нималку наивна.

Точната дијагноза засега не е позната, но деталните прегледи утврдиле дека станува збор за нималку наивен проблем, па јасно е дека Јагуриновски ќе ги пропушти следните две средби во Краков, против Холандија и потоа против Аргентина.

Според информациите од нашиот табор, ова ќе значи дополнителен повик на Давид Савревски, десниот бек на Вардар кој ги мина подготовките со националниот тим, но не се најде на финалниот список на патници за Краков. Тој би требало да пристигне во Полска до крајот на денот, по што утре би се појавил во составот на мечот со Холандија.