Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 февруари.

Денеска е Св. Симеон Богопримец и св. пророчица Ана.

Црквата сочувала еден благочестив обичај, во деновите после големите празници да ги слави оние личности што учествувале во тој празник. Поради тоа, веднаш после празникот Сретение се слават свети Симеон Богопримец и света пророчица Ана.

Тие се првите луѓе што го познаа Помазаникот Божји, или Христос, во смирениот човек Исус.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Јулијана.

Во нејзиното семејство била единствена припадничка на христијанската вера. Нејзиниот татко бил Африканец. Таа му била ветена за брак на паганинот Евилазиј. Таа сакала да се омажи за него, само ако тој стане христијанин.

Тој се разгневил и ја извел пред суд. Била осудена на смрт и и ја отсекле главата. Така, таа го завршила земскиот живот не одрекувајќи се од светата вера во Исус Христос. Тоа се случувало во времето на владеењето на римскиот цар Максимијан, во 305 година.