Русија денеска ги обвини САД дека со одобрување на напад на Крим ја охрабруваат Украина да ја ескалира војната и предупреди дека Вашингтон сега е директно вклучен во конфликтот бидејќи „некои лудаци“ сонуваат да ја победат Русија.

Москва реагираше на изјавата на американската потсекретарка Викторија Нуланд според која САД сметаат дека Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, треба во најмала рака да се демилитаризира и дека Вашингтон ги поддржува украинските напади врз воени цели на полуостровот.

– Без разлика каква одлука ќе донесат Украинците за Крим, кога станува збор за одлучување каде ќе се водат борбите, Украина нема да биде безбедна додека Крим не биде барем демилитаризиран, рече Нуланд.

На барање на новинарите да ја коментира изјавата на Нулад, портпаролката на руското МНР рече:

– Сега американските поттикнувачи отидоа уште подалеку – тие го охрабруваат режимот во Киев дополнително да ја ескалира војната, рече портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

Тоа Захарова го изјави откако новинарите побараа од неа да ги коментира изјавите на Нуланд.

– Тие испорачуваат оружје во огромни количини, обезбедуваат разузнавачки информации и директно учествуваат во планирањето на борбените операции, рече Захарова.