Предлогот на Алтернативна за формирање на асоцијација на албански општини во Македонија според моделот предложен од меѓународната заедница за Косово, македонските партии во земјава го отфрлија. СДСМ ова го смета за несериозно и како обид на Алтернатива да заработува политички поени.

За првиот човек на опозицијата Христијан Мицковски доволен е Охридскиот договор и додава дека ваквите идеи можат да ги влошат меѓуетничките односи.

И од Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов соопштија дека се против предлогот на Алтернатива.

Арбер Адеми од ДУИ предлогот го искоментира како штетен, антиамерикански и антиевропски.

„Патетика, антиамерикански и антиевропски. Оди на штета на конечното решавање на косовското прашање. Станува збор за неуспешен обид за останување на политичката сцена по преживеаното фијаско, деструктивна и погрешна определба“, рече Арбен Адеми, ДУИ.

Oд Алијанса за Албанците не одговорија на прашањето на АЛСАТ, а од БЕСА ни рекоа дека ќе им треба време да одлучат дали се за или против предлогот.

„Ова се сериозни теми за сериозни партии кои бараат внатрепартиска и јавна дебата. Во моментот кога ќе имаме став во врска со оваа иницијатива, медиумите и граѓаните ќе бидат информирани“, велат од БЕСА.

Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити не се изјасни против иницијативата и рече дека српската заедница во Косово ќе има домино ефект и во С Македонија.

Инаку, по една година владеење на Алтернатива, пред два дена дојдоа до идеја за здружување на општините со албанско мнозинство во државава и ги повикаа другите албански партии да ја поддржат иницијативата./Алсат.мк