По еден месец поминат во притвор, на слобода излегува ексдиректорот на Царина, Драган Даравелски. Со оглед дека постапката за која е осуден ќе се суди одново, тој ќе биде пуштен од затворот „Идризово“. Решението за повторување на судењето е испратено и до затворот, соопштија од Кривичниот суд. Но, одлуката на Кривичниот совет за повторувањето на судењето ќе значи и застарување на делото за кое се гонеше Даравелски.

Даравелски се гонел за дело злоупотреба на службена положба и овластување, кое според обвинението го сторил од 1999 до 2002 година. Кривичниот законик предвидува дека за делото можат да бидат изречени максимум 10 години затвор. Застарувањето е за дваесет години, односно во 2022 година. Ова ќе значи дека Даравелски ќе се спаси од кривичен прогон, бидејќи на повторното судење ќе треба судијата да констатира дека делото е застарено.

Ексдиректорот на Царина, Даравелски, 20 години ги помина во бегство надвор од Македонија. Во Србија доби и српско државјанство. Имаше меѓународна потерница, а беше уапсен на „Табановце“. Тој беше осуден на 7 години затвор, пресуда која сега е укината.