Револтиран граѓанин од Охрид реагира на Фејсбук за ниската еколошка свест кај граѓани кои го загадуваат езерото, во конкретниов случај, маж кој направи дамка од чистењето на кофата и четката за варосување.

– Си ја исчисти кофата и четката за варосување во Охридско Езеро и кога го прашав дали воопшто е свесен што прави, си ја наведна главата и си влезе во хотел Бисер, каде што најверојатно варосуваат или реновираат. Не знам ни зошто постувам кога знам дека џабе е веќе се…Само не знам од каде е она дека постојано некој друг ни е крив, гласи коментарот на Александар Донев на Фејсбук.

Тој во прилог објави и фотографии од случајот.