Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, ги сподели своите очекувања за првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер сити.

– Стилот на Манчестер сити е сè уште ист како и пред доаѓањето на Халанд. Се разбира, стилот на Ерлинг е уникатен, а тимот се прилагоди на него. Тој му дава на тимот нешто што во последните години не било. Утре ќе влеземе на терен во статус на аутсајдер и тоа е нормално. Мора да ја задржиме самодовербата и да одиграме максимално. Сигурен сум дека ќе има моменти кога ќе биде тешко. Но, треба да создаваме и шанси кои можат да го загрозат противникот. Нашиот состав е доста талентиран и вешт. Сакаме да ги спречиме да доминираат, изјави Тухел за „Дејли мејл“.

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Баерн Минхен ќе се одигра вечер на теренот на „граѓаните“ со почеток во 21 часот.

Во истиот термин својот прв дуел од четвртфиналната пресметка ќе го имаат Бенфика и Интер.