Управата за јавни приходи на денешниот брифинг ги сублимираше заклучоците од контролите на продажните објекти на булевар Никола Карев, познат кај скопјани како „Пластичарска улица“ во текот на месеците јануари и март годинава.

Контролата во месец јануари, од 30 проверени продажни места, УЈП констатирал дека дури кај 28 од нив не издавале фискални сметки, односно немале фискален апарат и не воделе книговодство, објави Фактор.

Сликата нешто била подобрена при контролата во март, кога од проверени 37 продажен објект, кај 25 од нив биле констатирани неправилности на неуредно сметководство и неиздавање на фискални сметки.

– Во меѓувреме три продавници се поправиле во своето однесување, но генерално треба да се даде време и можност да се подобри работењето, информираат од УЈП на денешниот брифинг со медиумите.

Од изминатиот период на акциски контроли, бил проверуван и јавниот здравствен сектор. Од 10 проверени клиники во комплексот „Мајка Тереза“, четири од нив не издавале фискални сметки.

Оваа улица во Скопје, воздушно мерено, е околу еден километар од седиштето на Владата која „правната држава“ ја води на пат во ЕУ.