Утрово било пријавено во полиција дека некој ја украл бистата на народниот херој Цветан Димов во скопскиот Градски парк, соопшти МВР.

– Денеска (28.04.2023) во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Спомениците во Градскиот парк се честа мета на вандали. Лани беа украдени бистите на Никола Јонков Вапцаров и на Коле Неделковски. Тие беа поставени во паркот пред десетина години.