Обединетата македонска дијаспора (ОМД) која одржува симпозиум во Скопје, бара Бугарија да ги внесе Македонците во незјиниот Устав.

– На ОМД не ѝ пречи да се промени македонскиот Устав, но, под важен услов истото да се случи со воспоставување на реципроцитет и да се промени Уставот на Бугарија, со внесување на македонското малцинство. Ова го изјави денеска на прес конференција Александар Митрески, еден од основачите на ОМД пред почетокот на првиот македонски симпозиум и практики на ОМД во Скопје.

Претседателот на ОМД, Методија Колоски, рече дека нивна цел и мисија е обединување на македонската дијаспора.

– Целта е што повеќе да се прошири мрежата на ОМД низ цела Македонија, оти сепак македонската дијаспора е клучниот партнер со татковината, 18 до 20 проценти од БДП доаѓа од дијаспората така што сакаме што повеќе тоа да се зголемува и македонската дијаспора да стане уште поголем инвеститор, не само во давање средства на роднини и пријатели, туку и инвестирање во локалното општество, рече Колоски.