Наводите за злоупотреба на терапијата за рак на Клиниката за онкологија предизвика низа реакции од сите страни. Надлежните уверуваат дека се прибираат докази и се истражуваат наводите за сторени кривични дела, а граѓаните и пациентите вчера излегоа на протест пред Влада и пред Јавното обвинителство, барајќи одговорност од последните тројца министери за здравство.

Монструми, убијци, убивате за профит… беа дел од пораките од револтираните граѓани кои синоќа протестираа пред Владата и беше најавено дека протсет ќе има и следната недела.

Para Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut filloi protesta e qytetarëve të cilët shprehin revoltën e tyre për zhvillimet në Klinikën e Onkologjisë. Me pankarta

Министерот за здравство Фатмир Меџити, вчера на прес-конференција уверуваше дека ќе бидат транспарентни во текот на целиот процес и ги охрабри сите здруженија на пациенти со карцином, поединци или групи, кои може да помогнат во истрагата да ги контактираат институциите.

-Никој од здравствениот систем нема и не смее на ниеден начин да се обиде да ги заштити престапниците. Будно ќе го следиме процесот, и доколку поединци во здравствениот систем се обидат да ја манипулираат истрагата, остро ќе реагираме. Дополнително, ги охрабруваме сите здруженија на пациенти со карцином, поединци или групи, кои може да помогнат во оваа истрага да не контактираат нас и институциите на прогонот. Мора сите заедно да придонесеме за обезбедување на сите потребни информации и што потемелна истрага, истакна Меџити.

Прес-конференција на министерот за здравство Фатмир Меџити во врска со случувањата на ЈЗУ УК за онкологија и радиотерапија, на која ќе присуствуваат и директорите на УК за онкологија и радиот

Апел да не се генерализира и час поскоро надлежните органи да ги откријат виновниците упати и в.д. дирекорката на Онкологија, д-р Виолета Клисаровска. Таа побара да се отфрли таканаречената колективна вина над целиот медицински тим што ја руши довербата пациент–лекар.

За случајот Онкологија, Јавното обвинителство најави дека сите наводи за Клиниката за онкологија ќе бидат истражени, а сторителите на кривични дела гонети.

– Основното јавно обвинителство Скопје ќе формира тим од стручни лица кои ќе ја анализираат медицинската документација за водење на пациентите и администрирање на терапијата. Министерството за внатрешни работи, како орган на откривање на сторители на кривични дела, презема и други дејствија кои во моментов не можат да се споделат со јавноста, но со директна цел – да се дојде до вистината и евентуалната кривична одговорност. Во истиот момент кога за конкретно лице ќе бидат обезбедени доволно докази за основано сомнение дека сторило кривично дело, обвинителството ќе ја информира јавноста, информираат од Јавното обвинителствот на Република Северна Македонија.

Остри реакции имаше и од државниот врв, почнувајќи од претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ДУИ, како и од сите политички партии.

Претседателот Пендаровски, повика на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата и на судско-обвинителско процесуирање без селективност, како и на соодветна казна за сите за кои ќе биде докажано дека сториле тешки дела против здравјето на луѓето.

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Словенија, по повод учеството на јубилејниот десетти состанок на лидерите на земјите учеснички

-Повикувам на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата и на судско-обвинителско процесуирање без селективност и соодветна казна за сите за кои ќе биде докажано дека сториле тешки дела против здравјето на луѓето. Потполно го разбирам гневот на граѓаните кои повикуваат на мирни протести, барајќи одговорност од оние кои заработувале на маките на најтешко болните наши граѓани, нагласи Пендаровски во својот писмено изнесен став.

Премиерот Ковачевски изјави дека пардон нема да има за никого, и побара случајот да не се политизира бидејќи, како што кажа, се работи за мултипартиски и мултиетнички криминал. Правото на протест на граѓаните е добредојдено, според него, бидејќи врши дополнителен притисок да се реши случајот.

ППремиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.

-Се надевам дека и обвинителството ќе ја објасни нивната постапка, бидејќи тие се посебен орган надвор од државата. Нема да има пардон за никого без разлика дали припаѓа на која било политичка партија, на каква било припадност, порача премиерот.

Од друга страна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, вчера изјави дека е потребна и кривична и политичка одговорност во врска со случајот на Клиниката за онкологија за тврдењата за продавање на цитостатици.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека е потребно да се направи јасна стратегија и пресметка во однос на случајот со пензионерите кои бараат зголемување на пензиите. Тој порача д

Граѓаните кои вчера протестираа најавија дека следниот понеделник од 18 часот повторно ќе има протести пред Влада во врска со случајот на Клиниката за онкологија. сх/са/

Фото: МИА Архива